ТАМУ Е СЕКОГАШ ДРАГО ВИДЕН ГОСТ

Во Торино сеуште има место во кое се навива за Зинедин Зидан (ВИДЕО)

Доаѓањето на Зизу во Торино се очекува со големо нетрпение, најмногу во локалниот торински ресторант „Анџелина", кој некогашниот „Маестро" на „Старата дама" секојдневно го посетуваше во друштво на своите тимски другари од Јувентус...

објавено: 3 април 2018 - 10:00

Во првиот четвртфинален меч од Лигата на Шампионите, вечерва Јувентус го дочекува Реал Мадрид.

А се разбира исто како и во изминатите години, големо медиумско внимание и овојпат добива Зинедин Зидан.
Тренерот на Реал во еден дел од својата богата кариерта како играч, настапуваше за Јувентус. И тоа не баш мал, од 1996 до 2001 година, кога за рекордна сума од 77.5 милиони како отштета, замина токму во шпанската престолнина.

Доаѓањето на Зизи во Торино се очекува со големо нетрпение, најмногу во локалниот торински ресторант „Анџелина", кој некогашниот „Маестро" на „Старата дама" секојдневно го посетуваше во друштво на своите тимски другари.
Со годините поминати во „градот на „Фиат", францускиот ас воспостави посебна, пријателска врска со сопстеникот на оној угостителски објект, Анџелина, по која е и наречен.

„Не ми се јави, ниту пак ми се најави. Меѓутоа сигурен сум дека ќе нè посети"- им откри Анџелино на новинарите на „Марка" додека им ги покажуваше фотографиите на Зинедин Зидан во прегратка со Павел Недвед и Џанлуиџи Буфон.

„Зидан е еден од најголемите играчи кои ги имал Јувентус. Додека беше играч, со ништо не покажуваше дека еднаш ќе стане тренер. Ако тогаш ме прашавте дали ќе стане успешен тренер, би ви рекол дека нема шанси да стане тренер и да ја освои Лигата на Шампионите. Денеска сум сигурен дека еден ден ќе го тренира Јувентус"- со позитивни надежи зборува сопственикот на овој познат торински локал.

Анџелино се пофали и со потпишаните репрезентативни дресови на Зизу, со кои ги освои СП во Франција во 1998 и ЕП во Белгија и Холандија, како и тоа дека трофејниот француски фудбалер е близок и со шефот на кујната Роберто Фалвео, кој беше препорачан од страна на Зидан да биде главен кувар на „триколорите“ за време на Мундијалот во 1998 година, и две години подоцна на ЕП.

„За кого ќе навиваме? Прво, јас сум навивач на Јувентус, а потоа на Зидан. Меѓутоа знам дека многумина торинези ќе навиваат за Зидан. Тој е сакан човек со исклучителни карактерни особини" – заклучува Анџелино пред вечерашниот меч и претпоставената средба со омилената муштерија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал