5. КОЛО ОД ЕЛИТНАТА ЛИГА НА УЕФА

Во живо следете ги сите промени во Лигата на шампионите (Видео)

Сите погодоци, шанси и актуелни промени од вечерашните дуели 

објавено: 21 ноември 2017 - 20:58

Првиот гол во дуелите од 20:45 часот е постигнат во Шпанија, на дуелот меѓу Севилја и Ливерпул. Гостите од Англија поведоа со голот на Фирмино и тоа по нецели две минути игра. Доколку гостите од „Енфилд Роуд“ успеат да ги освојат трите бода, ќе бидат сигурни учесници во нокаут фазата. 

Германскиот бундеслигаш Лајпциг уште во првите 10 минути стигна до убедлива предност на гостувањето кај Монако. Дефанзивецот Џемерсон е трагичарот во домашниот тим.

Брзилскиот бек најпрво си даде автогол во 6 минута, а три минути подоцна, истиот играч киксираше, а вернер погоди за 2:0 за Лајпциг. 

Севилја пропушти две неверојатно добри шанси за погодок, но откако домаќините не успеаа да израмнат, следуваше казна. Ливерпул со голот на Мане во 22 минута зголеми на 2:0 и убава предност на Англичаните. Погодокот беше неверојатно сличен како првиот гол. По корнерот на Фирмино, еден од играчите на гостите со глава ја спушти топката на втора статива, а Мане погоди во празната мрежа.

На Реал му беа потребни 23 минути за да го скрши отпорот на екипата на Апоел. „Кралскиот клуб“ води со 1:0 и тоа благодарение на погодокот на Лука Модриќ со волеј удар од околу 25 метри. Погодокот на Модриќ погледнете го ТУКА. 

Ливерпул и Лајпциг како да се пратат со головите. двата тима имаат убедлива предност од 3:0 на гостувањата кај Севилја, односно Монако и тоа по само 30 минути игра. 

Во еден од дерби мечевите, Борусија Дортмунд поведе против Тотенхем со 1:0 благодарение на голот на Пјер Емерик Обамејанг во 31 минута и тоа благодарение на одличната асистенција на Јармоленко. ПОГЛЕДНЕТЕ.

Реал за 2 минути даде два гола. Најпрво Карим Бензема погоди во 39 минута со 2:0, а потоа и Начо во 41 минута зголеми за 3:0 и сигурна предност на гостите. 

Монако со голот на Фалкао доби надеж дека може да направи нешто против Лајпциг, но гостите многу брзо, повторно ја затресоа мрежата на домаќините, за водство од 4:1 во првото полувреме. 

Четири гола даде и Реал Мадрид на гости кај Апоел и тоа благодарение вториот гол на Бензема, во судиското надополнување. 

Второто полувреме започна во знакот на Кристијано Роналдо. Португалецот даде два гола за Реал Мадрид и на тој начин постави нов рекорд во Лигата на шампионите. Еве за кој рекорд станува збор

Наполи со перфектниот гол на инсиње поведе на свој терен против Шахтјор, додека Хари Кејн со погодокот во 49 минута израмни за Тотенхем на гостувањето кај Борусија Дортмунд.

Севилја најавува дека ништо не е готово во дуелот против Ливерпул и намали на 2:3 за само 15 минути во вториот гол. Двата погодоци ги даде Бен Једер. 

Тотенхем направи целосен пресврт на гостувањето кај Борусија Дортмунд. Сон погоди во 76 минута, за водство на гостите од 2:1. 

Италијанскиот калчолигаш Наполи со головите на Зиелински и Мертенс во 81 и 83 минута стигна до убедливо водство од 3:0 против Шахтјор. 

Манестер Сити во 88 минута го скрши отпорот на Феенорд и со голот Стерлинг на дојде до водство од 1:0. 

Севилја цел меч ја бркаше негативата против Ливерпул и на крајот, во 93 минута ја стигна. Пизаро погоди во последната минута за конечни 3:3.

Најново во Меѓународен Фудбал