НЕВЕРОЈАТНА ЕФИКАСНОСТ НА ДЕНЕШНИТЕ МЕЧЕВИ ПО ПРВИТЕ 45 МИН.

„Врнат“ голови во првото полувреме од Лигата на шампионите(Видео)

Дури 19 погодоци, по првиот дел, на осумте средби кои се играат во елитната европска лига

објавено: 17 октомври 2017 - 21:37

Реал Мадрид и Тотенхем играат нерешено 1:1, по првите 45 минути во Лигата на шампионите. Лондонскиот тим се израдува на погодок, благодарение на автоголот на Варан, а Реал стигна до нерешено благодарение на погодокот на Кристијано Роналдо од пенал, во финишот на првиот дел.

Најефикасно по првите 45 минути е во Германија, каде Лајпциг води со 3:2 против Порто. Домаќините имаа предност од 1:0, кога Португалците израмнија. Лајпциг потоа поведе со 3:1, а во 44 минута, гостите повторно ја вратија неизвесноста. 

Со три бода од ова трето коло сигурно ќе биде Ливерпул, кој води со 4:0 на гости кај Марибор.

Манчестер Сити е со предност од 2:0 против Наполи, а Монако и Бешикташ играат 1:1, како што е и на средбите Спартак Москва - Севилја и Феенорд - Шахтер. 

Единствено без погодоци по првите 45 минути е на дуелот Апоел - Борусија Дортмунд. 

Најново во Меѓународен Фудбал