ДАЛИ ЧЕЛЗИ ГО ДОЧЕКА МОМЕНТОТ?

За „црно-белиот" тандем – 115 милиони евра!

Антонио Конте изгледа ќе стигне до она што го бара, двоецот на Јувентус, Бонучи-Сандро

објавено: 23 јуни 2017 - 15:00

Се засилуваат сите во Премиер лигата, пред се оние врвни клубови како Манчестер Јунајтед, Сити, Ливерпул, Арсенал...

И барем засега тука некаде го нема најдобриот од оваа сезона, шампионот, Челзи.
„Сините" не донесоа ниту едно засилување досега, што беше знак за аларм кај менаџерот Антонио Конте, кој дури се закани кај сопственикот на клубот, Роман Абрамович, и со заминување доколку не бидат реализирани неговите замисли.
Но, се чини дека сега дојде времето за тие ветувања на Абрамович и да се реализираат. А првиот чекор на Конте во таа насока е да оди на „шопинг" во Торино. Да купи некој играч од „неговиот" Јувентус.

Како што открива весникот „Сан", Челзи е подготвен да извади многу пари, или точно сто милиони фунти, да им ги даде на најдобриот италијански клуб во изминатите шест сезони (и во општо во историјата), а за возврат да го добие тандемот Леонардо Бонучи-Алекс Сандро!

Одамна е познато дека Бонучи е миленик на Конте уште од времето кое го поминаа заедно во Јувентус, и кого го бара уште кога се пресели во Лондон.
Лани не успеа, но се чини дека ова лето се создадени услови за трансфер од најмалку 50. милиони евра кои ги бара Марота.
Бонучи е столбот на одбраната на Јувентус, но има и 30 години, па извесно е дека ова е последната шанса за „црно-белите" добро да наплатат. Згора на тоа имаат и замени како Бенатија, но и младите итало-асови како Ругани и Калдара. Што се однесува пак до Алекс Сандро, тој сака да премине во Челзи, но тимот од Торино веќе ја одби понудата вредна 60. милини евра.
Но за понуда, односно„пакет" во кој би бил и Бонучи, тогаш Јувентус треба добро да размисли.
Пред се затоа што и Челзи има поединечни аргументи, како на пример плата од девет милиони евра за Бразилецот (моментално има нецели три во Јувентус).
Или трипати поголема од актуелната, која навистина „црно-белите" сакаат да му ја зголемат, но никако на некои такви луди цифри кои ги даваат „сините".
И затоа, одлуката е само и исклучиво на менаџерскиот тим на „Јувентините".

Најново во Меѓународен Фудбал