ПИКЕ СЕ „ЈАВИ" УШТЕ ЕДНАШ

За некои овации кога ќе испаднат, за другите свирежи кога одат понатаму...

Стоперот на Барселона уште еднаш го закачи" најголемиот конкурент.

објавено: 20 април 2017 - 19:00

Барселона не успеа да помине уште една „невозможна мисија". Пред месец дека каталонците ја престигнаа предноста на ПСЖ, но во четвртфиналето наидоа на Јувентус и го завршија натпреварувањето во Лигата на Шампионите.

За навивачите на каталонскиот гигант, тоа е гордо, затоа и во средата навечер со овации и скандирање „Оле Барса" ги испратија своите миленици од преполниот „Ноу Камп".
Секако, вообичаена сцена за така голем клуб, но и момент после кој мадридска „Марка", која е поблиску до случувањата во Реал Мадрид, е подготвена да се „пошегува" на неуспесите на „Блауграна", па јавно запраша:

„Што мислите за тоа што играчите на Барселона се наградени со овации за испаѓањето од Лигата на Шампионите"?

Извесно е дека не можеше да остане само на тоа. Односно без одговор од другата страна.
За тоа се погрижи „вечниот дрдорко", Џерар Пике.


Како што тоа вообичаено го прави, се огласи преку својот Твитер, потсетувајќи ги приврзаниците на кралскиот клуб кои со гласно негодување ја „почестија" нивната прва звезда, Кристијано Роналдо.

„Слушајте како Ноу Камп аплаудира и покрај елиминацијата. А некои (Реал Мадрид) се навикнаа на свирежи, дури и кога нивниот тим оди понатаму" - порача во оваа прилика Пике.

Сето тоа како една бурна најава за неделниот „Ел Класико" каде може да падне одлуката за новиот првак на Шпанија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал