ЖОЗЕ МУРИЊО ИМА НОВА „ТАКТИКА", ИЛИ...

За Реал и Барселона ова е само „загревање", а ние...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед вели дека неговито клуб не е меѓу фаворитите за титулата во Лигата на Шампионите...

објавено: 13 септември 2017 - 21:10

Англиските тимови се во подредена положба во Лигата на Шампионите, и како што вели менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, не смеат да се задоволуваат само со пласманот во втората фаза од елитното натпреварување.

„Мислам дека Лигата на Шампионите за клубови како Реал, Барса, Баерн почнува дури во февруари. Ова сега им е само едно обично загревање, додека ние, англиските тимови се обидуваме да го преживееме периодот по зимата. Дури тогаш тие ќе бидат свежи и спремни по ова загревање"- вели Португалецот.

Мурињо смета дека клубот кој го води, но и оние други чесници во ЛШ од Англија се некое „второ ниво".

„Ние му припаѓаме на второто ниво, а тоа ниво подразбира: 'Ајде само да ја поминеме групата. Ајде да собереме бодови за другата фаза. И ако успееме во тоа, ајде да уживаме во играњето против големите екипи' " - истакнува предводникот на „црвените ѓаволи" по одличниот, барем резултатски, почеток во новото издание на Лигата на Шампионите.

Најново во Меѓународен Фудбал