БРАЗИЛСКА РОТАЦИЈА НА „СТЕМФОРД БРИЏ"

ЗАКОНИТЕ НА КОНТЕ: Сандро со „сините", Луиз надвор од игра!

Челзи не се откажал од бекот на Јувентус, но затоа пак неговиот менаџер е спремен да се одрекне од харизматичниот халф.

објавено: 29 ноември 2017 - 18:00

Јануарскиот преоден рок би можел да донесе, конечно, некои промени во играчкиот состав на челзи.

Барем такви се најавите на медиумите од Островот.
Тие велаг дека менаџерскиот тим на „сините" не се откажал од идејата да бида ангажиран Алекс Сандро. Бразилскиот бек кој игра за Јувентус, беше мета на тимот од Лондон и летоска, поради тоа што наводно за нив биле превисоки оние 70. милиони евра кои ги побараа од Торино за Сандро, кој игра одлично и на позицијата на лев бек, но и лево крило.


Во летото 2015 година, Бразилецот дојде во Јуве како играч на Порто за трансфер вреден 26.милиони евра. Но договорот со италијанскиот шампион го врзува се до 2020.
Сега, како што велат од Челзи се подготвени да ја платат таа сума за да го донесат Сандро на „Стемфорд бриџ" од каде пак е можно да си замине уште еден Бразилец.

Станува збор за Давид Луиз, кој во последно време е во немилост кај менаџерот Антонио Конте. И игра многу ретко, или пак воопшто не добива шанса.
Луис дојде во Лондон уште во 2011 година. Беше дел од Челзи до 2014 кога се реши за трансфер во ПСЖ. Но минатата година се врати назад кај „сините" за кои има одиграно повеќе од 200 натпревари, и освоено скоро се што може да се освои во европскиот и светски клупски фудбал.

Најново во Меѓународен Фудбал