НЕ ПАЛАТ "СЕЛСКИ ФИНТИ" ВО ШПАНИЈА

Заза (од) глуми за медал (ВИДЕО)

Реакцијата на Италијанецот на дуелот со Севиља може да конкурира за висока актерска награда...

објавено: 13 март 2018 - 22:00

Иако Валенсија ја победи Севиља со (2:0) во дербито на 30 коло од Ла Лига, сепак, многу повеќе се зборува за симулацијата која за време на дуелот ја направи Симоне Заза.

Во 64.минута од играта, при водство на неговиот тим од (1:0), Италијанецот со невидено лоша глума, сакаше да изнуди прекршок.
Трчаше по противничкиот играч Франко Васкез, и кога виде дека не може да му ја одземе топката, комично ја турна главата кон лактот на противничкиот играч, и падна на тревата симулирајќи дека „добил лакт во неговата глава".
Притоа Васкез не само што не го удри, туку воопшто не го ни допре.
Сепак, Заза остана да лежи на тревата, секако држејќи се за главата со болна гримаса. Но откако виде дека судијата не наседна на тој нефер потег, стана и продолжи да игра како ништо да не се случило...

Најново во Меѓународен Фудбал