Македонскиот репрезентативец нема да игра во реваншот

Жута поцрвене, Риека немаше среќа и загуби со 1:2 од Олимпијакос

Македонскиот репрезентативец Леонард Жута е исклучен во финишот на првиот меч меѓу Олимпијакос и Риека, за пласман во Лигата на шампионите, а хрватскиот првак немаше среќа и со гол примен во 93 минута загуби со 1.2

објавено: 16 август 2017 - 22:45

Македонскиот репрезентативец Леонард Жута е исклучен во финишот на првиот меч меѓу Олимпијакос и Риека, за пласман во Лигата на шампионите, а хрватскиот првак немаше среќа и со гол примен во 93 минута загуби со 1.2.

Гостите од Хрватска водеа со 1:0 со голот на Хебер во 42. минута, но Оџиџа Офое и Ромао направија пресврт за победа на грчкиот шампион.

Во реваншот Риека ќе нема македонски шмек, бидејќи клубот непосредно пред двомечот со Олимпијакос го напушти Стефан Ристовски, а сега поради црвен картон нема да игра ниту Жута.

Во останатите натпревари фаворитите славеа и се блиску до пласман во фазата по групи во ЛШ.

Резултати: Олимпијакос - Риека 2:1, Селтик - Астана 5:0, Басахшехир - Севилја 1:2, Наполи - Ница 2:0, Хапоел Бер Шива - Марибор 2:1.

Најново во Меѓународен Фудбал