ТРЕБА ДА МУ СЕ ВЕРУВА

ЗИДАН Е ИСКРЕН: Не знам кој е најдобриот тренер на светот

Тренерот на Реал Мадрид беше прогласен како најдобар за минатата сезона, но и покрај наградата вели дека тоа не значи и дека е најдобриот во светски рамки.

објавено: 26 октомври 2017 - 22:00

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан беше прогласен како најдобар за минатата сезона, но и покрај наградата вели дека тоа не значи и дека е најдобриот во светски рамки.

„Мислам дека не сум најдобриот тренер на светот. Ако продолжиме да победуваме во наредните десет години, тогаш ќе можам да го кажам тоа. Во овој момент, не сум во можност да бидам тоа" - скромно вели Французинот.

До своето доаѓање на клупата на „кралскиот клуб" Зидан освои два трофеи во Лигата на шампионите, два Суперкупа на Европа, шпанската пример, Суперкупот на Шпанија, и Светското клупско првенство.

Му недостасува само „Купот на кралот" во шпански рамки.

„Освојувањето на Купот на Шпанија не е нешто лично, тоа е тимска работа. Среќни сме што сме дел од тој настан и ќе се обидеме да го подигнеме трофејот. Не сметам дека тоа е помалку битно натпреварување. Тоа е пехар кој сакаме да го освоиме како било кој друг" - рече Зидан.

Во првата фаза од „Купот на кралот", Реал игра со третолигашот Фуенлабрада, вечерва, со почеток од 21.30 часот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал