ФРАНЦУЗИНОТ Е МЕЃУ РЕТКИТЕ ТРЕНЕРИ

Зидан ги повтори успесите на Капело и Липи

Зинедин Зидан е третиот тренер во историјата кој трет пат едноподруго стигнува до финале на Лигата на шампионите

објавено: 1 мај 2018 - 23:50

Првиот на кого му успеа тоа беше Фабио Капело кој го предводеше Милан до финалињата во 1993, 1994 и 1995. Само во 1994 година излезе како победник (триумф над Барселона), а во другите два меча беше поразен (од Марсеј и од Ајакс).

По него Марчело Липи како тренер на Јувентус беше дел од финалињата во 1996, 1997 и 1998 година. Во 1996 година беше победник (триумф над Ајакс), а во следните две губитник (порази од Борусија Дортмунд и од Реал Мадрид).

Зинедин Зидан го предводи Реал од 2016 година кога го презеде тимот во јануари од Рафаел Бенитез. Таа година ја освои европската титула (победа над Атлетико), истото го направи и во наредната (победа над Јувентус), а сега повторно ќе се обиде да дојде до круната.

Најново во Меѓународен Фудбал