АКО АЛЕГРИ ГО ЗАМЕНИ КОНТЕ ВО ЧЕЛЗИ

Зидан ќе ја води „Старата дама"?

Најновата информација од „чизмата" вели дека претседателот на Јувентус Адреа Ањели при евентуално заминување на Масимилијано Алегри од кормилото на тимот, би сакал да го донесе актуелиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

објавено: 12 јануари 2018 - 18:00

Најновата информација од „чизмата" вели дека претседателот на Јувентус Адреа Ањели при евентуално заминување на Масимилијано Алегри од кормилото на тимот, би сакал да го донесе актуелиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Францускиот стручњак имаше две фантастични сезони во кралскиот клуб, но оваа сезона никако не може да „го спои" шампионскиот мозаик.
Поради тоа почнаа и шекулациите околу тоа дека многу брзо Зидан би можел да си замине од Реал.
А целата приказна ја „подгреа" и самиот Зидан со една неодредена изјава.

Јас сум еден од многумината. Договорот ми истекнува во 2020 година. Но тоа не мора да значи ништо" - рече Зидан

Популарниот Зизу во текот на својата богата играчка кариера од 1996 до 2001 година настапуваше за „Старата дама" и од Торино се пресели во Мадрид каде потпиша повеќегодишен договор со Реал.

Најново во Меѓународен Фудбал