И ПОКРАЈ МНОГУБРОЈНИТЕ КРИТИКИ

ЗИДАН НЕ МЕНУВА НИШТО: Не барам замена за Бензема

Тренерот на Реал Мадрид после полуфиналето од Светското клупско првенство, во кој неговиот тим едвај ја победи Ал Џезеира со (2:1), вели дека е задоволен од ефектот на напаѓачите.

објавено: 14 декември 2017 - 21:20

Реал Mадрид не игра добро, но победува. Така беше и на првиот, полуфинален натпревар од Светското клупско првенство, во кој европскиот првак извади „тенка" победа од (2:1), против Ал Џезеира.

Но и покрај големиот број на критики кои стигнаа на нивна адреса, Зинедин Зидан нема намера да менува нешто. Особено не во оној офанзивен дел од тимот.


„Бензема беше навистина добар, и нема да барам нов напаѓач. Сите можат да имаат свое мислење, но тој одигра добар натпревар "- потврди „Зизу".


Оваа сезона Французинот даде само четири гола, и многумина сметаат дека Реал Мадрид направи грешка кога се „ослободи" од Алваро Мората кој беше трансфериран во Челзи, а Бензема остана во Мадрид.

 

Најново во Меѓународен Фудбал