ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА „ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“ И ЖОЗЕ МУРИЊО

Зошто Манчестер Јунајтед е казнет од УЕФА?

Се очекуваше порано или подоцна да има реакција од страна на Европската фудбалска унија која донесе одлука да се казнат „црвените ѓаволи" поради задоцнување на натпревар!

објавено: 19 октомври 2018 - 18:30

УЕФА го казни Манчестер Јунајтед со 15.000 илјади евра поради доцнењето на натпреварот против Валенсија од Лигата на шампионите на 2 октомври, што доведе до одложување на почетокот на натпреварот од околу 10 минути.

Според член 41 од правилникот на Лигата на шампионите, двата тима мора да бидат на стадионот 75 минути пред првиот судиски свиреж, а во овој случај домаќините пристигнаа 45 минути пред натпреварот.

Значи, УЕФА го казни со Јунајтед со 5.000 евра поради доцнењето на стадионот и 10.000 евра поради доцнењето на почетокот на натпреварот кој заврши нерешено без голови (0:0).

Следните два дуели од ЛШ тимот на Манчестер Јунајтед ќе ги има против Јувентус, а првиот е на „Олд Трафорд" веќе во вторник со почеток од 21:00 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал