КОНЕЧНО ПАДНА РЕКОРДОТ НА ЏИЏИ БУФОН

Ливерпул го доведе најскапиот голман во историјата на фудбалот

Досегашниот чувар на мрежата на Рома, Алисон Бекер за сума од 75 милиони евра се пресели на „Енфилд Роуд“

објавено: 18 јули 2018 - 15:02

Бразилскиот репрезентативен голман Алисон Бекер влезе во историјата на фудбалот како чувар на мрежата со најскап трансфер во светот. Алисон кој досега беше во тимот на Рома, во новата сезона ќе ги брани боите на Ливерпул. 

Англискиот гигант се согласи да плати 75 милиони евра за овој трансфер. Со оваа сума, конечно рекордот на Џиџи Буфон стар 17 години замина во историја. Легендарниот италијански голман во 2001 година за 50 милиони евра од Парма се пресели во Јувентус и повеќе од една и пол деценија немаше поскап чувар на мрежата од него. 

Алисон имаше фантастична сезона во Рома. На 17 меча во Серија А успеа да ја сочува својата мрежа. Тој беше и на голот на бразилската репрезентација на Мундијалот во Русија. 

Најново во Меѓународен Фудбал