ТРЕНЕРОТ НА РЕАЛ МАДРИД ПОСЛЕ ПОРАЗОТ ВО УЕФА СУПЕРКУПОТ

Лопетеги не е Зидан: Казнети сме за грешките! (ФОТО)

Поразот од Атлетико во Суперкупот на Европа не е знак за „аларм" во Реал, вели новиот тренер на тој клуб, Хулен Лопетеги.

објавено: 17 август 2018 - 14:30

Лопетеги на клупата на „Кралскиот" клуб дебитираше со пораз од градскиот ривал после продолженијата со 4:2 на УЕФА Суперкупот што се одржа во Талин, Естонија.

Дали овој меч покажа дека на Реал му е потребно барем едно засилување? Лопетеги не мисли така...

„Тоа што е дефинирано како политика на клубот, нема да се промени поради ова финале. Сега го очекуваме стартот во Примера, што е навистина важно натпреварување за мене. Во продолженијата против Атлетико игравме добро, доминиравме, комбиниравме, но после нивниот трет гол се промени играта, се појавија проблеми кои се обидовме да ги решиме со ризични решенија. На крајот грешките ја направија разликата кои противникот ги казни и мора да му честитаме", рече Лопетеги после мечот.

Најново во Меѓународен Фудбал