ФИФА на гала свеченост во Лондон избра:

Лука Модриќ е најдобриот фудбалер за минатата сезона

Хрватскиот репрезентативец е најдобриот во машка конкуренција. Бразилката Марта го доби признанието кај дамите.

објавено: 24 септември 2018 - 22:07

Лука Модриќ е најдобриот фудбалер за сезоната 2017/18 во изборот на ФИФА. На вечерашната гала манифестација во Лондон, хрватскиот репрезентативец кој со Хрватска стигна до финалето на светското првенство во Русија, а со Реал (М) по третпат ја освојуваше Лигата на шампионите на УЕФА ја доби довербата кај гласачите и на крајот го освои престижното признание.

Во конкуренција за наградата беа и Мохамед Салах од Ливерпул и Кристијано Роналдо, сега веќе играч на Јувентус. Во женска конкуренција наградата за најдобра фудбалерка ја доби бразилската репрезентативка Марта.

На денешната манифестација, ФИФА го прогласи и Тибо Куртоа за најдобар голман на сезоната, додека наградата за Фер Плеј отиде во рацете на Ленарт Тај, фудбалер на Бујукшехир. ФИФА наградата з анајдобри навивачи замина во рацете на фановите на Перу, кои беа неверојатни за време на СП во Русија.

Најново во Меѓународен Фудбал