НАПАЃАЧОТ НА МАНЧЕСТЕР „УДРИ“ ПО СВОИТЕ

Лукаку: Некои наши играчи се криеја на теренот

Ромелу го даде единствениот гол за англискиот тим, но тоа беше премалку во двомечот против Севилја

објавено: 14 март 2018 - 09:50

Голгетерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку беше разочаран од неуспехот на неговиот тим во двомечот против Севилја и елиминацијата во осиминафиналето од Лигата на шампиони. Англискиот тим загуби со 1:2 на свој терен, а Лукаку го даде голот за домаќините, што се покажа како премалку за влез во четвртфиналето од елитната европска лига. Тоа беше јубилеен 200 гол на Лукаку во кариерата, но нема да го памти по добро. 

„Некои од нашите играчи како да се криеја на теренот. Многу сум разочаран. Започнавме добро, а потоа Севилја полека ја превземаше контролата на играта. Имавме неколку шанси, но тие први дадоа гол. Требаше да одиграме многу подобро, ако се знае со какви квалитетни играчи располагаме. Требаше да одиме во четвртфиналето, но со прикажаната игра, не го заслуживме тоа“, рече Лукаку.

Најново во Меѓународен Фудбал