СТАДИОНОТ ВО ЗАГРЕБ Е ВО ОЧАЈНА СИТУАЦИЈА

„Максимир“ се распаѓа (Фотогалерија)

Силниот дожд кој врнеше во Загреб само дополнително ја комплицираше работата

објавено: 19 септември 2017 - 17:50

Невремето и дождот кој врне деновиве во Загреб направи ситуацијата на стадионот „Максимир“ да биде алармантна. Стадионот на кој игра Динамо, но и хрватската репрезентација, полека се распаѓа. На фејсбук страницата на Динамо се појавија фотографии кои треба да бидат загрижувачки.

Дождот направил големи штети, а на делови од некои канцеларии, но и на вип делот на стадионот има паднато и од кровниот дел. „Максимир“ дефинитивно делува очајно, а тоа може да се забележи и од дел од следниве фотографии. 

Најново во Меѓународен Фудбал