ТРЕБА ДА ИМАШЕ МАДИЊА ЗА ИГРАЊЕ, АМА И ЗА ПОТЕГОТ НА ДАЛИЌ

Малкумина ја имаат неговата храброст: Го избрка Калиниќ на почетокот на Мундијалот и стигна до финале

Златко Далиќ влезе во историјата на Хрватска како прв селектор кој успеал да и донесе финале на оваа земја на светските првенства. 

објавено: 12 јули 2018 - 08:00

Ако се прашува Златко Далиќ патот до финалето воопшто не беше лесен, не само натпреварите одиграни по продолженија, тука е и неговата храбра одлука. Ретко кој предводник на стартот на едно Светско првенство би испратил еден од репрезентативците дома. 

Предводникот на Хрватска се одлучи за овој потег на стартот на Светското првенство. По победата над Нигерија одлучи дека во националниот тим нема место за играчи кои сакаат да ја нарушат атмосферата. Без премногу размислување го отстрани од тимот Никола Калиниќ, откако одби да влезе во игра во последните пет минути на дуелот со Нигерија.

Далиќ покажа дека не треба да имаш само мадиња за игра, туку и за едни вакви големи одлуки. На крајот не само што успеа да ја подигне атмосферата на уште поголемо ниво, туку стигна до финалето на Светското првенство кое е историско за неговата земја, а таму неговите големи борци силите ќе ги одмерат со Франција. 

Најново во Меѓународен Фудбал