СУДЕЊЕТО ТРАЕШЕ ПОМАЛКУ ОД ПОЛОВИНА ЧАС

Мамиќ го наушти судот и порача: Јас сум горд државјанин на Босна

Здравко Мамиќ утринава се појави на суд во Сараево, по вчерашното апсење.

објавено: 15 јуни 2018 - 18:15

Здравко Мамиќ утринава се појави на суд во Сараево, по вчерашното апсење. Одлуката за негова екстрадиција во Хрватска ќе биде соопштена до крајот на денот.

„Јас сум горд државјанин на БиХ и не сакам да екстрадиција во Хрватска. Не верувам во нивното судство, ги прекршија сите мои права", рече Мамиќ.

Мамиќ кој во Хрватска беше осуден на шест и пол години затвор, вчера беше уапсен во Меѓугорје по наредба на Интерпол, тој во судот ја даде својата сегашна адреса, која доколку ја промени ќе треба веднаш да го извести судот.

Најново во Меѓународен Фудбал