СУДОТ ВО БИХ ДОНЕСЕ ОДЛУКА

Мамиќ останува слободен човек, нема да биде екстрадиран во Хрватска

Здравко Мамиќ ќе остане слободен човек на територијата на Босна и Херцеговина.

објавено: 17 јуни 2018 - 09:00

Иако во Хрватска е еден од најбараните луѓе и за него имаше издадено потерница, Здравко Мамиќ во Босна и Херцеговина може да се шета како слободен човек.

Оваа земја не ги екстрадира своите државјани во другите земји, а судот во Сараево неодамна детално ги разгледа сите документи и заклучи дека во нив нема ништо спорно.

„Судот заклучи дека Мамиќ е државјанин на Босна и Херцеговина и дека договорот меѓу Хрватска и БиХ не вклучува екстадиција", изјави неговиот адвокат Здравко Рајиќ.

По оваа одлука Мамиќ ќе остане во Меѓугорје каде хрватските власти не можат да го „допрат", единствена обврска која ќе ја има е да се пријавува во судот. Некогашниот прв човек на Динамо Загреб во Хрватска беше осуден на шест и пол години затвор поради финансиски малверзации при трансферите на Лука Модриќ и Дејан Ловрен од Динамо и на тој начин ја оштетиле државата за 12,2 милиони куни, а Динамо е оштетен за 117 милиони куни.

Најново во Меѓународен Фудбал