НЕ СЕ ЖАЛАТ ПАРИ ЗА НАЈДОБРИОТ АНГЛИСКИ ИГРАЧ

Манчестер дава 170 милиони евра за Кејн

Жозе Мурињо ќе се обиде да го доведе голгетерот на Тотенхем

објавено: 12 октомври 2017 - 18:30

Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 170 милиони евра за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Тренерот на Манчестер, Жозе Мурињо е „вљубен“ во играта на капитенот на англиската репрезентација и би сакал да го види на „Олд Трафорд“. 

Португалскиот стратег сака Кејн да го има во напшадот заедно со Ромелу Лукаку, со што би го имале едно од најдобрите напаѓачки дуа во светот. Пред две години Манчестер се обиде да го доведе Кејн, но тогаш лондонскиот тим не сакаше да го пушти напаѓачот за сума од 40 милиони евра. 

Сега неговата вредност е четири пати поголема, но и по оваа сума, тешко дека Тотенхем ќе сака да го пушти најдобриот играч. Кејн има дадено 84 гола во 120 меча во Премиерлигата, а сезонава игра во блескава форма. 

Најново во Меѓународен Фудбал