по убедливата поведа над свонси

Манчестер Сити го надмина рекордот на Арсенал стар 15 години

„Граѓаните“ имаат 15 победи по ред во Премиерлигата, нешто што на никој претходно не му успеало

објавено: 14 декември 2017 - 10:55

Екипата на Манчестер Сити продолжи со доминантни игри во Премиерлигата. „Граѓаните“ синоќа очекувано славеа на гостувањето кај Свонси и тоа убедливо со 4:1. Со оваа победа Сити се зацврсти на првото место на табелата, но и постави еден нов рекорд во Англија.

Тимот на менаџерот Пеп Гвардиола стигна до 15 победа по ред во првенството, нешто што на ниту еден тим не му успеало претходно. Досегашниот рекорд во Премиерлигата го држеше Арсенал, кој во 2002 година имаше 14 триумфи во низа во шампионатот. Сега Сити е на првото место на оваа вечна листа. 

Евертон е единствениот тим кој сезонава успеа да му откине бод на доминантниот клуб. Тоа се случи пред три и пол месеци, односно во второто коло од Премиерлигата. По тоа реми, следуваат 15 победи по ред за Манчестер Сити, тим кој покажува дека сезонава е прв фаворит за титулата во англиското првенство. 

Најново во Меѓународен Фудбал