КАКО МОЖЕ ДА СЕ СИМНЕ ШАМПИОНОТ ОД ТРОНОТ

Манчестер Сити го „натера“ Ливерпул да потроши 250 милиони фунти

„Ја подигнавме границата, асега и другите клубови сакаат да бидат подобри“, вели тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола

објавено: 25 јули 2018 - 16:05

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола застана во одбрана на својот колега од тимот на Ливерпул, Јирген Клоп, за потрошените пати во досегашниот дел од 2018 година. Ливерпул во тековната година има потрошено повеќе од 250 милиони фунти. 

Ливерпул неодамна го сруши рекордот за најскап голман, откако плати 65 милиони фунти за да го доведе Алисон Бекер од Рома. Освен најскапиот голман на „Енфилд Роуд“ игра и најскапиот дефанзивец. За Вирџил ван Дајк беа палтени 75 милиони фунти на Саутемптон и тоа е рекорд во светскиот фудбал за играч од обраната. 

„Секој клуб го прави тоа во кое што верува. Јас целосно разбирам зошто трошат толку многу пари на нови играчи. Ние во Сити ја подигнавме границата и сега другите клубови сакаат да нè следат. Ливерпул е клуб со голема историја и секогаш е меѓу фаворитите за титулата. Ќе се видиме на теренот“, рече Гвардиола. 

Најново во Меѓународен Фудбал