АРГЕНТИНЕЦОТ НЕ ИМ ДАВА МНОГУ ШАНСИ НА СВОИТЕ „ГАУЧОСИ“

Марадона ги кажа неговите фаворити за Мундијалот во Русија

Легендарниот Диего не верува дека оваа генерација на гаучосите ќе може да го повтори успехот на неговата Аргентина од 1986 година

објавено: 22 март 2018 - 14:10

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона си има свои фаворити за претстојното Светско првенство кое ќе се игра во Русија. Според Марадона, неговата Аргентина не е меѓу главните фаворити. 

„Мислам дека Германија и Шпанија имаат многу добри екипи и тие се главните фаворити за трофејот. Франција исто така има одличен состав. Според мене тоа се селекциите кои ќе се борат за светскиот трон“, рече Марадона, кој во далечната 1986 година ја предводеше Аргентина до титулата на Мундијалот во Мексико.

Планетарниот собир во Русија ќе биде од 14 јуни до 15 јули. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал