ЛЕГЕНДАТА ГО ИСКРИТИКУВА СОНАРОДНИКОТ

Марадона: Лео ме разочара!

Не можеш да се бориш, ако седиш и гледаш на телевизија, рече Дон Диего

објавено: 10 јануари 2017 - 12:38

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, го изрази своето негодување, бидејќи неговиот сонародник Лионел Меси, воопшто не учествувал на церемонијата за најдобар фудбалер во светот, во изборот на ФИФА. 

„Разочаран сум од Меси, бидејќи не можеш да се бориш, со негоко или со нешто, ако седиш и гледаш на телевизија. Сосема бе беше поинаку, ако беше тука. Не знам зошто немаше луѓе од Барселона во Цирих. Тие сигурно си имаат свои приоритети, а не им било приоритет Меси да дојде тука. Сепак според мене, Лео требаше да биде тука, а не да гледа на ТВ“, рече Марадона. 

Меси заврши на второто место во изборот на ФИФА, зад неговиот голем ривал Кристијано Роналдо. Португалецот кј беше избран за најдобар, не заборави да го „чепне“ Лионел.

„Жал ми е што некои луѓе од Барселона не беа присутни тука“, рече Роналдо, по добивањето на наградата. 

Најново во Меѓународен Фудбал