Ново сериозно обвинување за големиот ас

Марадона се обидел да силува руска новинарка, потоа ја поткупувал со 500 долари за да молчи

Диего Армандо Марадона е повторно обвинет за силување, сега од руска новинарка, а според нејзината изјава, откако не успеал, се обидел да ја поткупи со 500 долари

објавено: 5 јули 2017 - 14:35

Диего Армандо Марадона е повторно обвинет за силување, сега од руска новинарка, а според нејзината изјава, откако не успеал, се обидел да ја поткупи со 500 долари.

„Го видов во фоајето од хотелот во Санкт Петербург и се обидов да договорам интервју. Ми рече, дојди до мене во соба. Заминав со мојот колега, но тој беше сопрен на спратот. Не се посомневав во таква фудбалска легенда и мислев дека е чест да имам интервју со него. Во собата се обиде насила да ме соблече, а јас за среќе успеав да избегам“, изјавила за „Космолполскаја Правда“, новинарката Екатерина.

Таа додава дека пријател на Марадона потоа дошол фрлил 500 долари во лобито од хотелот. Екатерина го пријавила случајот во полиција, а вели дека чекала дури три часа само во долна облека во фоајето од хотелот.

Најново во Меѓународен Фудбал