Стана државен приоритет

Мароко не штеди за да го добие Мундијалот во 2026 - Инвестицијата тежи 16 милијарди евра

Мароко има амбициозен план за организација на Мундијалот во 2026, а проектот е државен и се пласнира да бидат потрошени неверојатни 16 милијарди евра

објавено: 20 март 2018 - 16:30

Мароко има амбициозен план за организација на Мундијалот во 2026, а проектот е државен и се пласнира да бидат потрошени неверојатни 16 милијарди евра.

Мароко досега трипати истакнуваше кандидатура за организација на Светско првенство во фудбал, а земјата „убавица“ на Магреб сега е подготвена за нов обид.

Мароко има многу предности, државата и народот со неверојатни 97 проценти го поддржуваат проектот, а земјата има план за фудбалска инфраструктура. И што е многу важно сите градови каде би се играл мундијалот се блиску до Казабланка, во радиус од 55 километри.

Во 2026 година за првпат на СП ќе играат 48 репрезентации.

Најново во Меѓународен Фудбал