ПРЕД ДУЕЛОТ РЕАЛ - ПСЖ, БРАЗИЛЕЦОТ ЈА „ПОТПАЛИ“ АТМОСФЕРАТА

Марсело: Нејмар ќе игра за Реал Мадрид

Дефанзивецот верува дека во скоро време, соиграчот од репрезентација ќе дојде да играат заедно и на клупски план

објавено: 12 февруари 2018 - 16:00

Уште два дена до првиот дуел меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите, а атмосферата се подгреа. Дефанзивецот на Реал, Марсело вели дека во скоро време треба да се случи најдобриот играч на ПСЖ, Нејмар, да го облече дресот на „кралевите“. 

Капитенот на бразилската репрезнетација пред почетокот на сезона, за рекордна сума од 222 милиони евра направи трансфер од Барселона во ПСЖ, но се погласни се шпекулациите дека е незадоволен во Франција и дека сака да се врати во Шпанија. 

„Мислам дека еден ден, Нејмар ќе заигра за Реал Мадрид. Дали Нејмар сака да игра за Реал? Па нормално. Сигурно брзо ќе се вклопи. Би било сјајно ако дојде. Секој врвен фудбалер е добредојден во Реал“, рече Марсело, кој сега ќе има задача да ги стопира налетите на соиграчот од репрезентацијата на Бразил. 

Нејмар одлично се вклопи во ПСЖ и во 27 меча во сите натпреварувања веќе има дадено 28 погодоци, а секако ќе биде главен адут во обидот да се елиминира актуелниот европски првак. 

Најново во Меѓународен Фудбал