БРАЗИЛЕЦОТ ГО ПЕЦНА КАТАЛОНСКИОТ РИВАЛ

Марсело: Ние не сме Барселона за да испаднеме од ЛШ

Дефанзивецот на Реал успеа и во оваа ситуација во која е инволвиран само Јувентус, да ја вметне и Барселона

објавено: 12 април 2018 - 19:10

По дуелот на синоќешниот меч на „Сантијаго Бернабу“ сите зборуваат дали Реал Мадрид или Јувентус заслужи да оди во полуфиналето од Лигата на шампионите. И додека сите зборуваат за двата клуба кои беа инволвирани на дуелот за кој уште долго време ќе се збори, дефанзивецот на Реал, Марсело, успеа да ја вмеша и Барселона.

Само еден ден пред дуелот на Реал и Јувентус, Барселона беше елиминирана од Лигата на шампионите, откако на гости со 3:0 загуби од Рома. Реал до 97 минута губеше со 0:3 во Мадрид од Јувентус, но со голот постигнат по контроверзно досуден пенал, успеа да стигне до 1:3 и да се пласира меѓу четирите најдобри во Европа.

„Интересно, но нас не може да ни се случат вакви работи. Не сме ние Барселона за да бидеме елиминирани од Лигата на шампионите“, рече Марсело, успевајќи да го вмеша и каталонскиот гигант во целата ситуација од синоќа.

Реал се надева дека сезонава ќе постигне „хет-трик“ во Лигата на шампионите.

Најново во Меѓународен Фудбал