По дебаклот во Лигата на нации

Мартин О’Нил и Рој Кин добија „клоца“ од кормилото на Ирска

Само два бода во 4 меча беа премалку за да останат на досегашните позиции во националниот тим на Р. Ирска.

објавено: 21 ноември 2018 - 15:30

Фудбалската федерација на Р. Ирска денеска и официјално потврди дека му врачи отказ на досегашниот селектор на националниот тим, Мартин О’Нил. Заедно со О’НИл репрезентацијата ја напушта и неговиот прв помошник, Рој Кин.

Двоецот го презема раководењето со репрезентацијата на Р. Ирска во 2013 година. Тие беа фактор што Р. Ирска успеа да дојде до осминафиналето на ЕП во Франција пред две години, меѓутоа не успеаја да остварат ниту една победа цела 2018-та. 

Репрезентацијата имаше очаен настап во Лигата на Нации каде испаднаа во третета дивизија. Во четири средби со Данска и Велс, освоија само два бода со само еден постигнат гол, што беше јасен сигнал дека нешто треба да се менува. Според некои шпекулации, Мик Мекарти се споменува како главен кандидат за наследник на О’Нил.

Најново во Меѓународен Фудбал