НЕМА БАЛАНС СО ФУДБАЛЕРОТ НА ПАЛАС

Мартинез пак ги изнервива Белгијците: Го отпиша Бентеке

Роберто Мартинез го објави списокот на 24 играчи за СП во Русија, но го изостави Кристијан Бентеке

објавено: 4 јуни 2018 - 19:30

По Раџа Најноголан од списокот на патници на Белгија за Русија испадна и напаѓачот Кристијан Бентеке кој ќе го пропушти второто по ред Светско првенство.

„Тоа е тешка одлука, но бирам некоја рамнотежа во репрезентацијата. Па така одлучив да одат двајца класични напаѓачи, а тоа се Лукаку и Батшуи. Покрај нив, трета опција во нападот е Дрис Мертенс и тој исто така може да се снајде како центарфор", изјави Мартинез.

Навивачите на Белгија повторно го искажаа незадоволството кон Мартинез сметајќи дека не е реално пред Најнголан и Бентеке на СП да одат играчи како Јанузај и Дендонкер. На тој начин се создава лоша атмосфера пред заминување на СП, а Белгија е во групата со Англија, Тунис и Панама.

Ако останат без пласман во нокаут фазата Мартинез ќе биде „распнат" од јавноста.

 

Најново во Меѓународен Фудбал