Бегаа и на терен за да спасат жива глава

Масовна тепачка: Хулиганите не мируваат и во Косово (Видео)

Инцидентот се случи на дуелот меѓу Дреница и Гњилани, а неколку гостински навивачи завршија со крвави глави

објавено: 6 март 2018 - 11:30

Без разлика каде се игра фудбалот, хулиганите никаде не мируваат. На дуелот меѓу Дреница и Гњилани во рамките од првенството на Косово, фудбалот беше во втор план и тоа поради хулиганите на трибината. 

Мечот беше прекинат кога навивач на Гњилани со тврд предмет го погоди еден од домашните фудбалери. Веднаш потоа, домашните навивачи тргнаа да се тепаат со гостинските хулигани и се случи општ хаос.

Дел од гостинските симпатизери мораа да бегаат преку оградата и да завршат на теренот, за да се спасат. На крајот, неколкумина од беа повредени, но за среќа никој не беше посериозно повреден. По неколку минути прекин, мечот продолжи, а на крајот Дреница се радуваше на триумф од 1:0.

 

Најново во Меѓународен Фудбал