ЦЕЛ СВЕТ ГО ЧЕКА ДУЕЛОТ МЕЃУ РЕАЛ МАДРИД И ПСЖ

Меч со играчи вредни 1,2 милијарди евра

Реал е актуелен европски владетел, а ПСЖ е клубот кој се заканува да го симне од тронот најтрофејниот европски тим

објавено: 14 февруари 2018 - 18:10

Реал Мадрид го пречекува Пари Сен Жермен, во дуелот кој го чека целито фудбалски свет. „Кралскиот клуб“ од Мадрид е актуелен европски владетел, а парижани сакаат да го бутнат од тронот најтрофејниот европски клуб. Шпанскито весник „Марка“ направи една интересна пресметка што се однесува на двата тима. 

Играчите кои ќе излезат на теренот кај двата тима се ѕвезди од светски калибар. Според пресметките, вкупно 22 играчи кои се најавени дека ќе бидат на „Сантијаго Бернабеу“ вредат неверојатни 1,2 милијарди евра. Кај Реал најскап е Роналдо (96 милиони евра), па Бејл со 91 милиони евра. 

ПСЖ ги држи двата најголеми трансфери во историјата. Нејмар дојде за рекордна сума од 222 милиони евра, додека Мбапе беше купен за 180 милиони евра. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал