ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА

Мега скандал во Украина: 35 клубови обвинети за местење!

Министерството за внатрешни работи на Украина на прес-конференција ги соопшти имињата на клубовите инволвирани во местење на натпревари

објавено: 22 мај 2018 - 20:30

Полицијата спроведе голема акција во Украина и направи повеќе од 50 претреси во девет региони. Под сомнеж за местење на резултати на натпревари се играчи, тренери, судии и клубови. Претставници на МВР на Украина денес на прес-конференција јавно ги соопшти имињата на клубовите против кои се води истрага за местење. Па така пет клубови од Првата лига се на списокот, а другите се од пониските лиги. А ниту шампионот Шахтјор Доњецк ни 15-кратниот украински шампион Динамо Киев не се на „црната листа".

Властите велат дека операцијата открила пет криминални групи инволвирани во 57 случаеви на наместени натпревари во кои се вклучени повеќе од 300 луѓе. Се претпоставува дека организаторите заработиле преку 4,2 милиони евра на натпреварите на украинските клубови преку обложувалниците во Азија.
„Доказите ги собираме повеќе од една година. Дојде време да реагираме и да ја истераме правдата", изјави Сергеј Књазев, шефот на Националната полиција на Украина.

ОВА Е ЦРНАТА ЛИСТА


ПРЕМИЕР ЛИГА: Зарја, Ворскла, Александрија, Олимпик Доњецк и Зирка.


ПРВА ЛИГА: Арсенал Киев, Полтава, Десна, Ингулец, Нафтовик, Суми, Горнак Спорт, Оболон, Волин, Николаев, Жемчужина, Балкан, Колос, Черкаскиј Дњепар, Гелиос, Прикарпатје, Буковина, Кремењ.


ВТОРА ЛИГА: Нива Б, Кристал, Судостроител, Никопол, Реал Фарма, Енергија, Таврија, Говерла, Металург Запорожје.


Имињата на другите три клуба не се објавени.

Во притвор се најдоа Александар Севидов, поранешен тренер на Мариупол, Металист и Карпати, играчот на Балкан Александар Рајчев и пет арбитри од кои еден суди во Првата лига: Александар Соловљан, Јуџин Арановски, Виктор Арановски, Александар Павлук и Александар Сахно...

Најново во Меѓународен Фудбал