СО ГОЛОТ ДАДЕН ОД ПЕНАЛ

Меси го достигна рекордот на Роналдо

Лео стигна до 11 погодок од белата точка, колку што има и Кристијано во рамките од елитната европска лига

објавено: 9 март 2017 - 00:26

Кога има меч во кој Барселона дала шест гола, нормално е меѓу стрелците да е и Лионел Меси. Аргентинскиот виртуоз погоди од пенал кога биеше за 4:1. Меси беше смирен и стигна до 11 погодок од белата точка. 

Со овој гол, Лео се израмни со Кристијано Роналдо, кој беше рекордер со 11 погодоци од најстрога казна во елитната европска лига. Ниту еден друг фудбалер нема повеќе голови од пенал, од двете најголеми ѕвезди на Барселона и Реал Мадрид.  

Меси вкупно има 37 погодоци во фазата на елиминации, додека Роналдо е подобар и вкупно 44 пати се радувал на гол во нокаут системот. Вкупно во ЛШ, Португалецот е за еден гол подобар. Кристијано засега е на 95 голови, а Меси застана на 94 погодоци. 

Најново во Меѓународен Фудбал