АРГЕНТИНЕЦОТ САКА ПОВТОРНО ДА ГО ИМА ПОКРАЈ СЕБЕ ВО НАПАДОТ

Меси инсистира Нејмар да се врати во Барселона

Ваквата реакција на Лионел го налути претседателот на клубот, Жосеп Марија Бартомеу

објавено: 14 март 2018 - 13:55

Најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси изрази желба во редовите на каталонскиот клуб повторно да се врати Нејмар. Бразилецот кој пред почетокот на сезоната си замина од „Камп Ноу“, за да потпише за Пари Сен Жермен, сега изразил желба повторно да игра во Ла Лига. 

Меси и Нејмар беа одличен тандем во нападот, па Аргентинецот потенцирал дека ќе направи се што може само да успее да го врати капитенот на бразилската репрезентација во Барселона.

На местото на Нејмар, каталонците го доведоа Филипе Кутињо од Ливерпул. Тогаш Меси изјави дека е задоволен од новиот играч, но дека би било најубаво ако успее повторно во екипата да се врати и Нејмар. 

Ваквите барања на првата ѕвезда на Барса, го налути првиот човек на тимот. Претседателот на Барселона Жосеп Марија Бартомеу се налути на иницијативата на Меси за враќање на Нејмар, кој неславно си замина од клубот, бидејќи влезе во конфликт со челниците на каталонскиот гигант. 

Пари Сен Жермен кој плати 222 милиони евра за Нејмар, сега бара 400 милиони евра за предвремен раскин на договорот.

Најново во Меѓународен Фудбал