Според направената статистика

Меси најдобар играч во историјата на Примера, Роналдо дури на 17 место

Во досегашните 86 сезони во Примера нема играч со подобар биланс од аргентинскиот виртуоз од Барселона

 

објавено: 7 август 2017 - 08:38

Лионел Меси и официјално е прогласен за најдобар играч кој некогаш бил дел од шпанската Примера дивисион. Во досегашните 86 сезони во Примера, нема играч кој бил подобар од аргентинскиот виртуоз кој во последните 10-тина години е главен во тимот на Барселона. Ова го покажа студијата направена од Истражувачкиот центар за историја и статистика на шпанскиот фудбал (ЦИХЕФЕ).

Во направената анализа се пресметани неколку фактори и тоа: одиграни минути во секоја од сезоните, постигнати голови од игра, голови дадени од пенал, автоголови и добиени црвени картони. 

Примера дивисион стартуваше за прв пат во 1929 година и досега во ова првенство продефилирале 9.280 играчи, од кои 854 се голмани.

Меси е најдобар стрелец во исторјата на лигата и досега има 349 погодоци. Токму благодарение на овие голови, тој има собрано 545 поени и е убедливо најдобар фудбалер во историјата на Примера. Зад капитенот на Барселона е легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес со 528 поени.

Потоа следуваат Телио Сара (493 поени), Квини (488), Хуан Арза (481), Алфредо ди Стефано (481), Пако Генто (467), Карлос Алонсо (464) и Гилермо Горостиза (454). Интересно е тоа што моментално најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е дури на 17 место на ова рангирање со 415 поени. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал