ЛЕО ОТКРИВА КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОНКУРЕНТИ НА КАТАЛОНЦИТЕ

Меси не го става Реал Мадрид во главна конкуренција за трофејот во ЛШ

Почна да се загрева атмосферата во нокаут фазата

објавено: 11 февруари 2018 - 12:00

Се доближува денот кога ќе започне нокаут фазата во Лигата на шампионите, каде најдобрите екипи во Европа ќе се борат за најзначајниот трофеј. Барселона секогаш е меѓу главните фаворити за највисок пласман, а најдобриот играч на каталонците вели дека две екипи се одвојуваат според квалитетот и треба да бидат најголеми ривали за трофејот. 

„Манчестер Сити е еден од најсилните тимови, а тука е и Пари Сен Жермен. не го исклучувам и Реал Мадрид, кој има квалитет, но во моментов не ги остварува посакуваните резултати. Баерн секогаш може да биде опасен, а Германците не се предаваат до последна секунда. Сепак, во моментов најдобри се Манчестер Сити и ПСЖ“, анализираше Меси.

Барселона во осминафиналето од ЛШ за противник го има Челзи, а првиот меч се игра на 20 февруари на „Стемфорд Бриџ“. 

Најново во Меѓународен Фудбал