АРГЕНТИНЕЦОТ ИСКРЕНО НЕ ВЕРУВА ДЕКА ТОА ЌЕ СЕ СЛУЧИ

Меси: Нејмар во Реал? Тоа би било катастрофа

„Би био катастрофа ако Нејмар замине во Реал и тоа поради се тоа што Бразилецот значи за Барселона“, вели Лео

објавено: 16 мај 2018 - 14:30

Иако не помина ни една година, откако Нејмар си замина од Барселона и за рекорден трансфер од 222 милиони евра, го облече дресот на Пари Сен Жермен, не сопреа шпекулациите и најавите дека Бразилецот во многу брзо време ќе се пресели во Реал Мадрид. 

Најдобриот играч на Барселона Лионел Меси беше одличен во тандем со Нејмар. Аргентинецот искрено се надева дека Бразилецот нема да прифати да замине во лутиот ривал. 

„Би био катастрофа ако Нејмар замине во Реал и тоа поради се тоа што Бразилецот значи за Барселона. Тој осви важни трофеи со Барселона, како што се тие во Лигатаи на шампионите и првенството на Шпанија. Ако се случи тој трансфер, би било голем удар за Барселона, а плус Реал ќе добие големо засилување", вели Меси.

Аргентинецот додаде дена негова цел не е да се натпреварува со Кристијано Роналдо, туку да освојува што е можно повеќе трофеи со Барселона. 

Најново во Меѓународен Фудбал