АРГЕНТИНЕЦОТ ЈА ПРЕКИНА ЦРНАТА ТРАДИЦИЈА

По 730 минути игра, Лео конечно погоди против Челзи

Во деветиот меч против англискиот ривал, Лео конечно ја затресе мрежата

објавено: 20 февруари 2018 - 22:26

Лионел Меси конечно ја прекина лошата традиција во дуелите против Челзи и постигна гол. Аргентинскиот виртуоз донесе радост за каталонците, откако во 75 минута погоди за 1:1 на „Стемфорд Бриџ“. За Меси ова е прв погодок во дуелите со Челзи. 

Интересно е тоа што во претходните осум меча против Челзи, Меси никако не можеше да погоди. Во 655 минути одиграни до овој меч, Лео имаше промашено и пенал, но никако не можеше да даде гол. Таа лоша низа заврши вечерва во Лондон. 

Во 75 минута, домашните играчи направија кикс, топката дојде со Иниеста, кој несебично асистираше до Меси, а Аргентинецот погоди за радост на гостите и израмнување на резултатот на 1:1.

Ако во Лондон е неизвесно, тогаш на дуелот во Минхен е сосема јасно кој ќе триумфира, бидејќи Баерн веќе води со 4:0 против Бешикташ. 

Најново во Меѓународен Фудбал