ЌЕ БИДЕ НЕИЗВЕСНО НА РЕВАНШОТ НА „КАМП НОУ“

Меси повторно ја спаси Барселона, Баерн веќе е во четвртфиналето (Видео)

Каталонскиот гигант одигра 1:1 на гости против Челзи, додека германскиот првак во Минхен со 5:0 го растури Бешикташ

објавено: 20 февруари 2018 - 22:39

Барселона е позадоволна по првиот меч во пресметката против Челзи, откако дуелот во Лондон заврши 1:1. Овој резултат дава поголема предност на каталонскиот гигант кој на ревашот ќе игра на свој терен и доволно ќе бида Барселона само да ја сочува својата мрежа незатресена, за да се најде во четвртфиналето од Лигата на шампионите. 

Како и што се очекуваше дуелот во Лондон беше израмнет, а двете екипи имаа свои шанси. Во првото полувреме Барселона имаше 70 отсто посед на топка, но Челзи преку Вилијан на два пати ја погодуваше стативата, па остана 0:0.

Тоа што Вилијан не успеа да го реализира во првите 45 минути, го направи во вториот дел. Со прецизен удар од околу 20 метри, донесе водство на Челзи. 

Сепак радоста на домаќините не траеше долго. По еден кикс на одбраната на Челзи, Иниеста ја прифати топката, асистираше до Лионел Меси, кој конечно даде гол во дуелите со Челзи. За Меси ова беше прв погодок во дури деветиот меч против лондонскиот тим. На Аргентинецот му требаа точно 730 минути за да се израдува на погодок против Челзи, но тоа го направи кога беше можеби и најпотребно.

За разлика од мечот во Лондон, Баерн во Минхен немаше проблем против Бешикташ и победи со 5:0. Со овој резултат, баварците се сигурни во следната фаза од ЛШ.

Реванш дуелите се играат на 14 март во Барселона, односно Истанбул.

Најново во Меѓународен Фудбал