ИМ ВЛЕЗЕ ВО СРЦЕТО НА „КРАЛСКИОТ КЛУБ“ И НЕ МУ МОЖАТ НИШТО

Меси три дена ќе биде главен на тренинг центарот на Реал Мадрид

Лео го сметаат за најголем „кошмар“ на најтрофејниот тим во Шпанија

објавено: 21 март 2018 - 09:30

Лионел Меси доаѓа во Мадрид и тоа на тренинг центарот на Реал. Не, не се работи за неверојатен трансфер на најдобриот играч на Барселона во најлутиот ривал. Лео ќе ја предводи Аргентина на пријателскиот дуел против Шпанија, кој ќе се игра на 27 март во Мадрид и тоа на стадионот на Атлетико. 

Иако се игра на теренот на Атлетико, гостите одлучија трите дена кои им се предвидени за тренинг, да ги одработат на тренинг центарот на Реал Мадрид. Тоа значи дека во следните неколку дена, Меси ќе биде главен на тренинг центарот на најголемиот ривал на клупско ниво. 

Во рамките на термините за пријателски средби, Аргентина на 23 март ќе игра против Италија, на неутрален терен во Манчестер, а потоа директно заминува во Мадрид, на подготовки за средбата против Шпанија. 

Аргентина е еден од главните фаворити за највисок пласман на претстојното Светско првенство во Русија, каде Меси ќе треба да ја докаже врвната класа и на репрезентативно ниво. „Гаучосите“ се во група со Исланд, Хрватска и Нигерија. 

Најново во Меѓународен Фудбал