ПРЕД „ЕЛ КЛАСИКО“

Меси жали по Бразилецот: Нејмар ми недостасуваш

Првата ѕвезда на Барселона вели дека на теренот му фали играч како што беше Бразилецот на „Камп Ноу“

објавено: 21 декември 2017 - 16:10

Барселона в сабота гостува на „Сантијаго Бернабеу“ против вечниот ривал Реал Мадрид, во најголемото дерби во светот. Во пресрет на средбата, бразилската телевизија СБТ организираше видео средба меѓу Лионел Меси и Нејмар.

„Продолжуваш да ми фалиш. Утрово сакав да пијам кафе со Суарез и тебе, како што редовно си правевме“, рече најдобриот играч на каталонскиот гигант Лионел Меси.

Потоа дојде редот на Нејмар, кој кратко искоментира. „Многу ти благодарам брату мој. Ти си мојот фудбалски идол, а покрај тоа си и мој голем пријател“, возврати Нејмар.

Капитенот на бразилската репрезентација летово си замина од „Камп Ноу“ и тоа за рекордна трансфер сума од 222 милиони евра. Нејмар сега е прва ѕвезда во тимот на францускиот Пари Сен Жермен. 

Најново во Меѓународен Фудбал