ПО КУТИЊО, ДОЈДЕ И ВТОРОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ТИМОТ ОД „КАМП НОУ“

Мина ќе „експлодира“ во Барселона

Тој ќе биде првиот Колумбиец кој по пауза од повеќе од 50 години ќе го носи дресот на каталонскиот гигант

објавено: 11 јануари 2018 - 15:00

Јери Мина е нов играч на Барселона. Колумбискиот дефанзивец доаѓа на „Камп Ноу“ за трансфер вреден 11,8 милиони евра, кои ќе „легнат“ на сметката на бразилскиот Палмеираш. Мина е првиот Колумбиец кој по пауза од 50 години ќе го носи дресот на каталонскиот гигант. 

Ова е второ засилување за Барселона во јануарскиот преоден рок. Пред неколку дена беше направен вториот најголем трансфер во историјата, откако за Филипе Кутињо беа платени 140 милиони евра на Ливерпул. 

Овојпат фокусот на Барса беше да се засили одбраната, а Мина треба да биде замена за Хавиер Маскерано кој замина во Кина. 

Најново во Меѓународен Фудбал