ТЕШКО Е ДА СЕ ПРОНАЈДАТ ВИСТИНСКИТЕ ЗБОРОВИ

Модриќ: Тешко е, но треба да бидеме горди

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ го добие признанието „Златна топка“ на Светското првенство во Русија. 

објавено: 15 јули 2018 - 20:56

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ го добие признанието „Златна топка" на Светското првенство во Русија. 

„Не е лесно, но можеме да бидеме горди. Дадовме се од себе и бевме подобра екипа во поголем дел од мечот. Несреќните и неспретните голови отидоа на нивна страна, но во моментов чувствата ми се измешани. Најпрво мора да ги собереме емоциите, за да можеме трезвено да размислуваме“, изјави капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ, кој кратко коментираше и за освојувањето на „Златната топка“:

„Горд сум и би сакал да им се заблагодарам на сите во тимот, без нив немаше да ја освојам“.

 

Најново во Меѓународен Фудбал