ИТАЛИЈАНСКИОТ СТРАТЕГ ВО СЕВИЛЈА ГО ПОКАЖА КВАЛИТЕТОТ

Монтела не чинеше во Милан, а сега му даде лекција на Мурињо

„Победивме на легендарен стадион, против силен противник“, рече стратегот на Севилја по триумфот над Манчестер Јунајтед

објавено: 14 март 2018 - 09:20

Пред почетокот на сезоната, Виченцо Монтела воопшто не ни размислуваше дека ќе води тим во Лигата на шампионите, а уште помалку дека ќе се пласира меѓу најдобрите осум екипи во Европа. Италијанскиот стратег сезоната ја започна на клупата на Милан, со кој гостуваше во Скопје, во дуелот против Шкендија, во Лигата на Европа. 

Сепак, поради слабите резултати на екипата, Монтела доби отказ од таборот на „росонерите“. Неколку месеци беше без работа, кога доби покана да седне на клупата на Севилја. Шпанскиот тим имаше изборено место во нокаут фазата, кога на чело дојде Монтела. 

Сега токму Монтела е еден од главните херои што тимот го елиминираше Манчестер Јунајтед и тоа со победа од 2:1 на „Олд Трафорд“. 

„Победивме на историски стадион против силен противник. Се радувам бидејќи Бен Једер денеска покажа колку решителен фудбалер е. Тој има голема заслуга за нашата победа. Многу сме среќни поради овој успех“, рече Монтела по победата над Манчестер Јунајтед. 

Најново во Меѓународен Фудбал