ТВИТЕРОТ „ПОЛУДЕ“

МУ НЕМА СПАС: Душко Тошиќ доби ново име - Диско Сосиџ (КОЛБАС)

За време на дуелот меѓу Србија и Костарика, голем дел од коментаторите имаа проблем со изговарањето на имиња и презимињата на репрезентативците на нашиот северен сосед.

објавено: 18 јуни 2018 - 13:50

За време на дуелот меѓу Србија и Костарика, голем дел од коментаторите имаа проблем со изговарањето на имиња и презимињата на репрезентативците на нашиот северен сосед. 

Еден таков лош пренос на името предизвика револуција на социјалните мрежи, сеирот е на сметка на Душко Тошиќ, кој доби ново име - Диско Сосиџ (колбас).

„Мислев дека фудбалерот на Србија се вика Диско Сосиџ, а неговото вистинско име е Душко Тошиќ, но коментаторот лошо го изговори, па помислив дека станува збор за првата верзија. Шета. Повеќе ми се допадна Диско“, пиша на „Твитер“ Англичанец.

Тошиќ беше еден од најдобрите фудбалери во победата на Србија (1-0) над Костарика.

Најново во Меѓународен Фудбал