НЕОБИЧЕН ПРЕКРШОК

Му „влезе клизачи“ на тренерот и доби црвен картон (Видео)

Инцидентот се случи на меч од Арапскиот Гулф Куп

објавено: 25 март 2018 - 08:00

Екипата на Ал Васла се пласираше во финалето на Арапскиот Гулф Куп, откако во реванш мечот против Ал-Ахли победија со 3:2 на гости. Покрај возбудувањата кој беа до самиот крај, потегот на мечот беше крајно неочекуван. 

Се играше судиското продолжување, кога топката отиде во аут, а еден од гостинските играчи се обиде да спаси. Сепак, наместо топката, тој му „влезе клизачи“ на домашниот тренер, кој падна и почна да се жали на повреда.

Настана мешаница, а судијата му даде црвен картон на Халеил Салем кој го направи фаулот над тренерот, кој сепак помина без посериозна повреда. 

Најново во Меѓународен Фудбал